Хајди Клум во провокативно издание на празничните фотографии од Карибите (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Манекенката Хајди Клум го прослави Божиќ со својот сопруг Том Каулиц на луксузен одмор. Двојката не ја крие својата љубов, па додека се одмараа на брегот на Карибите разменуваа бакнежи и нежни допири и уживаа во празниците.

Хајди Клум

Супермоделот и актерка сподели објава на социјалните мрежи со видеа и фотографии.

Хајди Клум ја покажа својата завидна фигура во црно бикини, кое го носеше под наметка со леопард принт. Модната комбинација ја зачини со божиќна капа со светки.

Објавата содржи и видео на кое се гледа како актерката елегантно стои на лулашка додека нејзиниот сопруг несмасно се обидува да и се придружи. Таа секако ги израдува и ги насмеа своите следбеници со објавата.

Нејзиниот сопруг привлече внимание со својата цветна модна комбинација.

 

останати вести