Ужас во зоолошка: Огромен крокодил грабна работник за нога, туристите во паника (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Застрашувачко видео од огромен напад на крокодил се појави на интернет и брзо стана вирално.

Посетителите на забавниот парк „Крокодил Крик“ гледале човек со стап во област со крвожедни ѕверови.

Без разлика на искуството, тој немал време да реагира и во секунда се нашол во опасност! Крокодилот го фатил за нога и почнал да го тресе лево-десно.

Станува збор за нилски крокодил, познат по големината и моќниот загриз, пренесува Times Now News.

Сведоците почнале панично да врескаат и да повикуваат помош, додека несреќникот се обидел да си ја спаси главата.

На крајот, крокодилот го олабави стисокот и тој истрча на безбедно.

Официјални лица изјавија дека тој се здобил со повреди на ногата и бил пренесен во блиската болница.

останати вести