Уапсен е човекот кој фрлал јајца кон Чарлс Трети (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Меѓу уапсените на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети беше и Патрик Телвел (24), млад човек кој неодамна беше осуден на 100 часа општествено корисна работа во текот на следната година и 600 фунти, бидејќи фрлал јајца кон кралот и неговиот сопруга за време на посетата на Јорк минатата година.

Телвел бил врзан со лисици и влечен низ толпата монархисти, кои бесно викале по него, пренесува Дејли експрес.

“Бев уапсен на церемонијата на крунисување под сомнение дека носам јајца. Ме идентификуваа камерите за препознавање лица и ме влечеа од протестот со лисици толку цврсти што ми ја исечеа кожата“, напиша тој на Твитер.

останати вести