Глобалното истражување покажало кој тип на жена е најпривлечен за мажите.
Додека некои мажи ги привлекуваат русокоси, други ги привлекуваат црните жени, некои претпочитаат покрупни додека други претпочитаат послаби. Меѓутоа, едно глобално истражување открило каков тип на жени на мажите им се најпривлечни.
Во ерата на модерната технологија, онлајн запознавањето е еден од најдобрите начини да се најде партнер. Една добро позната платформа за запознавање ги испитала навиките на своите корисници, над 310 милиони од целиот свет, и ги споредила добиените резултати.
Според спроведеното истражување, ова се 4-те физички особини со кои се опседнати мажите.
1. Ниту превисоки, ниту премногу ниски
Истражувањата покажаа дека ниту превисоките ниту прениските девојки не се пожелни за посилниот пол. Резултатите покажале дека мажите преферираат девојки чија висина е помеѓу 160 и 168 см.
2. Кафени очи
Кај 60 проценти од мажите кафените очи имаат поголема предност од сините. Девојките со кафени очи имаат поголема веројатност да добијат порака отколку девојките со сини очи.
3. Костенлива коса
Изненадувачки, на бринетите почесто ќе им приоѓаат мажи отколку на русокоси.
4. Просечно тело
Повеќето изјавиле дека сакаат жени со просечен изглед.