Српскиот актер Милош Биковиќ со забава до зори го славеше раѓањето на синот

by Тони Зографски

На 9 јануари актерот Милош Биковиќ и неговата свршеница Ивана Малиќ добија син кого го нарекоа Василије

По тој повод Биковиќ организираше прослава и ја сподели среќата со пријателите, а на прославата присуствуваа голем број актери меѓу кои Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавете Орашанин и многу други, па заедно славеа до зори. .

Тие пееја и играа, а гордиот татко имаше искината маица околу главата и меч во раката.

Да потсетиме, со оглед на тоа дека малиот е роден на Свети Стефан, многумина мислеа дека ќе се вика Стефан.

Сепак, колегата на Милош, Милош Петровиќ Тројпец објави фотографија со новиот татко, заедно со која напиша:

– Васааа.

Сите фанови на Биковиќ веднаш помислија дека тоа е името на детето, а дека се вика Васа или Василије, објави српски Телеграф

останати вести