СОЛЗИ И РОДЕНДЕНСКА ПЕСНА: Италијанските лекари со торта изненадиле пациент (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Медицинскиот персонал од монтажната болница во град во Пиаченца одлучи на својот пациент Бруно да му го честита роденденот со торта и песна.

Екипата облечена со заштитна облека влезе во импровизираната болница, подигната од италијанската војска, и му ја испеа роденденската песна на Бруно, кој не можеше да ги задржи солзите изненаден од овој потег, но и од измешаните емоции дека роденденот го минува во болница како позитивен случај на Ковид-19 и со една желба, што поскоро завршување на пандемијата со што помалку жртви.

-Инаку, не го славам роденденот, но овој ќе го запаметам до крајот на животот, – рекол видно возбудениот Бруно кој заедно со 80.000 Италијанци се бори со коронавирусот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com