СЕ ИЗГЛУПИРА: Маж се обидел да ограби козметички салон во Атланта, сопственикот и клиентите го игнорирале (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Од Атланта пристигнува еден од најлошите и најсрамни обиди за кражба.

Безбедносната камера поставена во еден козметички салон во Атланта снимила маж кој се обидел да ги ограби сопственикот и клиентите. Наводно тој бил вооружен и им се заканувал на присутните барајќи пари, но планот не му успеал.

„Сите легнете на под, дајте ми ги парите, испразнете ги џебовите“, викал мажот, но реакции на присутните во салонот речиси и да немало. Поради тоа се обидел да биде уште поагресивен.

„Дајте ми пари! Каде се парите, каде се парите“, повторувал тој.

Меѓутоа, кога сфатил дека планот му пропаднал и дека клиентите на салонот изненадувачки останале смирени, мажот неколку секунди стоел во неверување, а потоа се откажал и си заминал со празни раце како ништо да не се случило.

останати вести