Сакале да направат селфи, завршиле во студената вода во канал во Венеција (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Група туристи падналe во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела затоа што не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.

Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.

Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возеле во гондола и правеле селфи кога се случил инцидентот.

Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела.

 

останати вести