Руперт Мурдок (93) се ожени за бившата тешта на Роман Абрамович (ФОТО)

by Тони Зографски

Милијардерот Руперт Мурдок се ожени по петти пат, но не за жената која го држеше во вода додека беа заедно на одмор и со која стана хит на социјалните мрежи, туку за друга 26 години помлад. Која е Елена Жукова која го натера милијардерот по петти пат да застане пред олтар?

Медиумскиот могул Руперт Мурдок на возраст од 93 години се ожени по петти пат со неговата девојка Елена Жукова (67).

rupert-murdok-93-se-ozheni-za-bivshata-teshta-na-roman-abramovikj-mladozhenecot-vo-kostum-i-patiki-nevestata-bleska-vo-belo-04.jpg

Тие двајца направија свечена церемонија во неговата винарија на имотот во Бел Ер, Калифорнија.

На официјалните фотографии објавени во светските таблоиди, невестата позира во бел фустан и со бел букет, додека Руперт на себе носи костум и патики.

rupert-murdok-93-se-ozheni-za-bivshata-teshta-na-roman-abramovikj-mladozhenecot-vo-kostum-i-patiki-nevestata-bleska-vo-belo-02.jpg

На церемонијата присуствувале голем број познати гости и блиски соработници на сопственикот на FOX телевизијата.

Инаку, ова е негов петти брак, откако за последен пат беше оженет со Џери Хол од 2016-та до 2022-ра година, а ѝ побарал развод по мејл.

останати вести