ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ: Ѓакон од корејско потекло на погребот на патријархот Иринеј (ФОТО)

by Тони Зографски

Во криптата на храмот Свети Сава во Белград, денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј.

Погребната литургија и опело служеше митрополитот Дабро-Босански Хризостом, со учество на владиците и свештенството на Српската православна црква и гости од други православни цркви.

На литургијата особено внимание во јавноста привлекол ликот на едно младо момче кое што било дел од свештените лица кои што денеска се наоѓаат во Храмот.

Имено, станува збор за Кореец, ѓакон на митрополитот Иларион Алфеев кој што е претседател на Одделот на надворешните црковни врски на Руската православна црква.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com