Поставила камери во својот фризерски салон, мажите чекаат во редици (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Одењето во фризерски салон никогаш нема да ви изгледа попримамливо откако ќе ја запознаете фризерката Памелачка!

Инаку, Памелачка е бјути инфлуенсерка со орда следбеници на социјалните мрежи како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб. 27-годишната ѕвезда, чие вистинско име е Ајгерим Бекжан, е родум од Казахстан, а популарноста најпрво ја стекнала со туторијалите за убавина и дотерување.

На Инстаграм ја следат 265 илјади луѓе, а таа редовно ги почестува со својот изглед, прегледи на производи за убавина и туторијали за шминкање. На TikTok и YouTube сака да покажува видеа од нејзиниот фризерски салон, бидејќи меѓу другото работи и како фризерка. Сака да се облекува провокативно, а клиентите ги пречекува во раскошно деколте, а пред нејзиниот салон редовно се создаваат редици, пред сѐ мажи.

Нето вредноста на Памелачка се проценува на околу 500 илјади долари, што е доста импресивно ако се земе предвид дека таа е сè уште многу млада. Значителен дел од приходите ги остварува преку соработка со брендови, спонзорирана содржина и маркетинг на социјалните мрежи.

останати вести