Некогаш член на најдобрата десетка во светскиот тенис, аргентинската ѕвезда Давид Налбандијан целосно ја загубил главата по убавата Арачели Торадо со која бил во врска околу една година.
Точната причина за раскинувањето на славниот тенисер и атрактивната девојка не е позната, но еден од факторите сигурно била неговата посесивна љубомора.
Познатиот спортист за време на нивната романса отишол предалеку и поставил камери во собата на својата поранешна девојка.
Камерите ги сокрил во нејзината спална соба, а сè случајно открил братот на манекенката.
Уредот бил сокриен во клима уредот, а Арачели целиот случај го пријавила во полиција.
– Овој хорор е неопислив! Не само што постојано ме гледаше, туку можеше да ме види и гола – изјавила Торадо.
За ова тенисерот речиси сигурно ќе одговара бидејќи при телефонски разговор признал се што ќе послужи како доказ на суд.