Познат режисер и целото негово семејство починале од коронавирус (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Кинескиот режисер Чанг Каи и целото негово семејство,неговиот татко, мајка и сестра починале од коронавирус. Пораката, која наводно ја напишал и проследил преку пријател, открива ниz какви проблеми овој 55-годишен маж минувал пред својата смрт.

Целата порака ја објавил сајтот “Каиксан” и во неа се наведува дека неговиот татко се онесвестил со температура, кашлање и дека имал потешкотии со дишењето.

“Тој беше во многу болници, но ни беше речено дека нема слободен кревет. Бевме многу разочарани и отидовме дома. Немилосрдниот вирус ги проголта и мојата сопруга и моето тело. Одев во разни болници и молев. Беше тешко да се најдат кревети… ние не сме никој. Ја пропуштивме можноста да се лекуваме, а здивот ми беше слаб “, навел Чанг Каи.
Чанг и неговата сопруга подоцна биле примени во болницата, но според локалните извештаи, неговата состојба премногу се влошила.

“Сега доаѓа крајот и сакам да им кажам на моите пријатели, роднини и мојот син, кој е во Англија: ‘Јас бев добар син, добар родител и добар сопруг. Јас направив сè што можам, да бидам искрен. Збогум! На оние што ги сакам и кои тие ме сакаат!“, напиша тој во својата последна порака.
Починал на 14. февруари, а неговата сопруга сè уште се борела со болеста. Тој оставил зад себе син кој студира во Велика Британија.
Неговата сестра починала истиот ден.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com