Познатата турска глумица Емел Атичи и нејзината ќерка загинаа во земјотресот (ФОТО)

by Тони Зографски

Во разорниот земјотрес што ја погоди Турција, загина актерката Емел Атичи, која го толкуваше ликот на Сермин во серијата „Горка земја“ (Бир замелан Чукурова), потврди продукциската куќа „Тимс&Б“.

Актерката загина во Адана, а во земјотресот загина и нејзината ќерка Ханде Пурјан Атичи.

Emel Atıcı kimdir ve kaç yaşındaydı? Oyuncu Emel Atıcı depremde vefat etti!

„Изразуваме сочувство до семејствата и блиските на Емел Атичи, позната актерка од нашата ТВ-серија ‘Си беше еднаш одамна’, до нејзината сакана ќерка која загина во земјотресот, но и до сите граѓани кои загубија блиски во катастрофата“, напишаа од продукцијата.

Бројни колеги преку социјалните мрежи се збогуваат со Емел.

останати вести