ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РЕАКЦИЈАТА: Ѓоковиќ се појави на „Златната топка“ и налета на Меси (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Лео Меси беше меѓу последните кои пристигнаа на церемонијата за доделување на Златната топка, каде на крајот на вечерта ја подигна својата осма награда, а на црвениот тепих случајно се сретна со Новак Ѓоковиќ, кој беше специјален гостин на организаторите.

Двајцата врвни спортисти се прегрнаа и срдечно се поздравија, а Ѓоковиќ се поздрави и од сопругата на Меси.

Меси и Новак разменија неколку зборови пред Аргентинецот да влезе во салата, а Ѓоковиќ доби громогласен аплауз кога беше претставен за време на церемонијата.

https://twitter.com/i/status/1719077256289558644

останати вести