ПЕЈАЧКАТА НИЗ СОЛЗИ ОТКРИ: „Ми го малтретираат детето поради дислексијата“

by Тони Зографски

мериканската пејачка и водителка Кели Кларксон во едно неодамнешно интервју откри дека нејзината ќерка била малтретирана на училиште бидејќи боледува од дислексија. Како што објаснила, била шокирана кога дознала дека нејзината 8-годишна ќерка ја малтретираат на училиште бидејќи не знае да чита како другите деца во одделението.

Актерот, режисер и писател Хенри Винклер (77), кој исто така цел живот страда од дислексија, и рекол дека секое петто дете ја има оваа дијагноза и дека девојчето сега е „дел од племето“. Погледнал во камерата и му прача на девојчето дека начинот на кој чита нема никаква врска со нејзините способности.

Според истражувањето објавено од Универзитетот Јеил, дислексијата погодува 20 отсто од населението и вклучува речиси 90 отсто од децата со потешкотии во учењето. Исто така е најчеста од сите неврокогнитивни нарушувања. Иако луѓето со дислексија читаат побавно и тешко, тие често размислуваат многу брзо и креативно, објаснуваат експертите.

Кели Кларксон е мајка на две деца која често отворено зборува во јавноста за предизвиците на родителството, особено откако стана самохрана мајка. Иако после разводот и е потешко отколку порано, таа вели дека секогаш проверува со нив низ што поминуваат и постојано е тука за нив.

„Најважно е да комуницираме со нив и да бидеме на нивна страна без разлика низ што поминуваат. На децата им е потребна нашата поддршка во секое време, а јас се држам до тоа како мајка“, откри таа во една прилика.

останати вести