Патник се шокирал кога го виде пилотот како среде лет си гледа порно слики

by Тони Зографски

Триесет и петгодишниот Дејвид Џонс бил во авионот (на релација Лондон-Шангај) кога го видел капетанот. Мажот наводно гледал порно слики на својот iPad, пренесува The Sun.

Џонс тврди дека бидејќи светлата биле затемнети, пилотот ги гледал фотографиите околу 30 минути, а потоа отишол во тоалетот.

„Потоа се врати и заспа“, рекол патникот.

Џонс го снимил капетанот како го гледа секси материјалот на екранот, а сликата ја објавија британските медиуми.

Откако авионот слетал во Шангај, патникот им кажал сè на претставниците на Бритиш ервејс.

Тој наведува дека добил извинување, како и гаранција дека „случајот ќе биде истражен“ и „ќе бидат преземени соодветни мерки“.

останати вести