ПАНИКА ВО ЗЕНИЦА: Заразена со коронавирус славела 8 Март со 500 жени

by Тони Зографски

Зеничанка која е првата заразена со коронавирус на подрачјето на Босна и Херцеговина наводно присуствувала на прослава за 8 Март во ресторан во Зеница, пред да дознае дека е позитивна на вирусот, пренесува „Аваз“. На прославата присуствувале околу 500 луѓе. Освен тоа, како што рекле нејзини блиски, таа користела и јавен превоз, поради што сите тие се во паника.

51-годишната била тестирана дома, а откако се вратила од Италија со членовите на нејзиното семејство. Првично се наоѓала во самоизолација, а денеска била пренесена во изолационен стационар на Кантоналната болница во Зеница.

Како што е денеска соопштено на прес-конференција од Кризниот штаб на Зеничко-добојскиот кантон, освен жената, ќе бидат тестирани и двајца членови од нејзиното семејство.

Во меѓувреме, поради појавата на кроонавирусот во земјата, под надѕор се наоѓаат околу 80 луѓе на подрачјето на Зеничко-добојскиот кантон.

ФОТО: Аваз

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com