ОФИЦИЈАЛНО ВЕНЧАНИ: Антониа Гиговска се омажи во фустан кој ѝ го истакна трудничкиот стомак (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски, попознат како Џокер, вчера стапија во брак кажувајќи го судбоносното „да“.

Младата пејачка сподели неколку фотографии од фотосесијата со нејзиниот сопруг, а во описот на фотографиите напиша:

„30.4.2023. Официјално венчани“.

Антонија која воедно е и бремена, одлучила да носи тесна венчаница од чипка од дизајнерката Матеа Драгшиќ, а за шминката и фризурата се погрижил нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, фризерот и шминкер Даниел Николовски.

останати вести