Огромна карпа за секунда згмечи автомобил во движење, возачот имал неверојатна среќа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Возачите постојано се предупредуваат за можни одрони на коловозите, бидејќи опасноста е голема, а последиците може да бидат фатални.

Следното видео е снимено на југозападот на Кина, а на него се гледа еден таков инцидент, кој за среќа завршил без човечки жртви.

Го гледаме моментот кога куп камења паѓа на патот, а огромна карпа го здроби автомобилот во секунда.

Снимката покажува што останало од автомобилот и чудо е што возачот не е повреден. Тој слободно може да го прослави својот втор роденден.

Експертите посочуваат дека свлечиштата не може да се предвидат, па затоа е важно возачите да бидат внимателни и да го приспособат своето возење на условите на патот.

останати вести