Ова го има само во Саудиска Арабија: Навивач камшикуваше фудбалер на Ал-Итихад (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Фудбалерите на Ал Хилал го совладаа Ал Итихад со 4:1 и го освоија шестиот трофеј во Суперкупот на Саудиска Арабија. Сепак, впечатокот го расипа страшната ситуација на крајот од натпреварот.

Стрелецот на голот за Ал Итихад, Хамдала се приближи до трибините и во таа прилика влезе во конфликт со гледач кој беше облечен како Шеик. По вербален конфликт, фудбалерот го поли со вода навивачот, а потоа следел брутален одговор.

Шеикот извади каиш и почна да го удира Хамдала, кој добил два удари. Фудбалерот сакаше да ја прескокне оградата и да се справи со напаѓачот. За среќа, кулминацијата на ситуацијата била прекината.

https://twitter.com/i/status/1778524604082131076

останати вести