ОБЈАВИ БАНКРОТ: Бојан Крижај ја продава куќата поради долгови

by Тони Зографски

Прославениот југословенски скијач Бојан Крижај банкротираше па мора да ја продаде куќата како би ги подмирил долговите кои изнесуваат огромни 1,7 милиони евра. Куќата има 711 квадрати, а се наоѓа на парцела од 19 илјади квадрати во градот Тржице кој е блиску до австриската граница. Иако беше еден од најдобрите скијачи на сите времиња, во бизнисот легендарниот Словенец не се снајде најдобро.

Прво увезуваше австриско пиво во Словенија, а работеше и како советник за спортската опрема Елан, меѓутоа не му одеше најдобро како во скијањето. Фирмата Сортитус во Хрватска исто така му пропадна, а среќа немаше ниту со сточниот комплекс во Копер.

Лошите инвестиции на Крижај конечно дојдоа на наплата па сега човекот на кого му се воодушевуваше цела Југославија мора да остане и без својата куќа.

останати вести