Само две недели по разводот од Том Брејди, Жизел Бундшен беше уловена како ужива на романтична вечера со нејзиниот тренер Хоаким Валенте. Бразилската манекенка била фотографирана со своето ново момче коeшто е инструктор по џудо, пренесуваат странските медиуми.
Бундшен и нејзиниот инструктор за џиу-џицу се видени во Костарика, според фотографиите објавени од страна на „Пејџ сикс“.
Жизел на вечерата ги донела своите деца Бенџамин (12) и Вивијан (9).
Инаку, минатата година манекенката учествуваше на фотосесија за магазинот „Даст“ со Хоаким и неговите браќа Педро и Џио Валенте.
Семејството Валенте води теретана во Мајами каде што ја подучуваат боречката вештина на бразилско џиу-џицу и самоодбрана. Во февруари Жизел сподели видео на кое вежба бразилско џиу-џицу со Хоаким и неговите браќа во нивната теретана.
Том Брејди и Жизел Бундшен официјално се разведоа на 28 октомври.