“НАШИОТ СЛАДОК КАПИТЕН Е НА ПАТ“: Антониа Гиговска го откри полот на бебето (ФОТО)

by Тони Зографски

Антониа Гиговска на својот Инстаграм профил го откри полот на бебето. Заедно со својот сопруг Роберт Спасенцовски чекаат син.

„Нашиот сладок капитен е на пат. Едвај чекаме да те запознаеме“, напиша Антониа.

Инаку, Гиговска ги изненади своите фанови на почетокот од оваа година со објавата дека е запросена и дека ќе стане мајка. Таа минатата недела се венчаше со Спасенцовски, познат во јавноста како Џокер. Антониа на венчавката носеше тесна, чипкана венчаница која и го отцртуваше трудничкото стомаче.

останати вести