Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница: Снимка со 32 милиони прегледи

by Тони Зографски

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

останати вести