НАМЕСТО АПЛАУЗ, АЛКОХОЛ: Француските здравствени работници ќе добијат 5.000 шишиња шампањско

by Тони Зографски

Од Унијата на произведувачи на шампањско во Франција најавија дека следниот месец ќе дадат на подарок пет илјади шишиња од овој пијалок во знак на благодарност кон здравствените работници кои го носат најголемиот товар во борбата против коронавирусот – пренесува CNN.

Шампањското е симбол на успех, на заеничка радост и славење. На овој начин произведувачите сакаат да ја искажат својата благодарност кон оние кои спасуваа животи во болниците во текот на најтешките денови на епидемијата  – се наведува во соопштението од Унијата на произведувачи на шампањско.

Инаку, претходно BBC пренесе дека француските здравствени работници протестирале пред болницата  Rober Debre во Париз, при што се казнети педесетмина од нив, а тројца се уапсени. Демонстрантите барале државата да издвои повеќе финансиски средства за болниците кои според објавите во француските медиуми, се соочуваат со финансиски потешкотии, а полицијата интервенирала бидејќи наводно не ги почитувале мерките за задолжително дистанцирање додека епидемијата се’ уште е актуелнa.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com