МОРБИДНО: Позирал покрај мртвото тело на Марадона со кренат палец (ФОТО)

by Тони Зографски

Скандал се случи пред погребот на легендарниот Диего Армандо Марадона. Имено, Диего Молина, работникот во погребалното претпријатие во Буенос Аирес кое се грижеше за телото на  Марадона, се фотографирал со телото и тоа со кренат палец.

Тоа предизвика гнев кај фановите на легендарниот Аргентинец, па Молин доби закани по својот живот и барање да му се одземе аргентинското државјанство.

Адвокатот на Марадона, Матиас Морла го откри идентитетот на човекот од фотографијата, кој веднаш доби отказ од компанијата во која беше вработен.

„Диего Молина е човекот кој се фотографираше покрај ковчегот на Марадона. Во знак на спомен на нашиот пријател, нема да запрам додека не платат за овој чин“, порача бесно адвокатот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com