Моника Белучи ги почести своите фанови со „безобразно“ деколте, издание во кое долго време не сме ја виделе! (ФОТО)

by Тони Зографски

Една од најубавите жени во светот, Моника Белучи, позираше за насловната страница на магазинот Elle“ (за шпанското издание), а со новите фотографии предизвика „хаос“ на социјалните мрежи.

Убавата актерка долго време не сме ја виделе во вакво жешко издание.

Белучи на својот Инстаграм објави серија фотографии, а на првата ја гледаме како позира во тесна црна комбинација, која го истакнува нејзиното бујно деколте.

Веќе на втората фотографија носи широка јакна, со впечатливи хулахопки, а на последните фотографии е облечена во елегантен фустан, кој одлично го истакнува секој дел од нејзиното тело и не се знае на која фотографија изгледа подобро!

За само 3 часа на овие фотографии добила над 125.000 лајкови, а коментарите не престануваат.

останати вести