“Мадона ми нудеше 20 милиони долари да ѝ направам бебе“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Легендарната НБА-ѕвезда Денис Родман, во најновото интервју откри детали од својата врска со една од најпопуларните пејачки Мадона.

Родман и Мадона беа во врска пред повеќе од 25 години, а крилниот центар на Детроит и Чикаго,за „Брекфаст Клуб“ откри дека имал понуда од славната пејачка да добие милиони, само да ѝ направи дете.

„Еднаш ми рече дека ќе ми даде 20 милиони долари ако ѝ направам дете и ако таа успешно се породи“, откри Родман.

Тој е моментално на турнеја на која го промовира својот документарец снимен од ЕСПН, а во едно од прашањата во документарецот бил и односот со Мадона.

„Таа беше во Њујорк, во својот дом, а јас… Јас во казино! Па и реков дека ќе дојдам, а таа прати авион по мене. Дојдов кај неа, завршив работа што требаше и потоа си се вратив во Лас Вегас да се коцкам“, посочува Родман.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com