717
Убавата хрватска новинарка 41 годишната Фани Стипковиќ по неколкугодишна врска се омажи за легендарниот шпански фудбалер Фернандо Јеро.
Стипковиќ ги сподели своите впечатоци од венчавката за хрватското издание на „Глорија“.


– Свадбата се одржа на 13 септември во прекрасниот хотел ‘Casa Pedro Loza’ во центарот на Гвадалахара. Церемонијата беше интимна и присуствуваа само 12 гости, а поради старата зграда со прекрасен поглед на градот, се изгледаше како нешто од филм. Мислевме дека ќе има уште помалку гости. Се преселивме од Шпанија во Мексико, јас сум бремена, а Фернандо имаше само една недела одмор, па не сакавме фанфари, изјавила убавата Фани.






