“КАЖАВ ДА“: Романтично запросување на Никол Шерцингер на Хаваи (ФОТО)

by Тони Зографски

Никол Шерцингер не остана рамнодушна на предлогот за брак на Том Еванс.

44-годишната пејачка му кажа „Да“ на 38-годишниот рагбист и сподели фотографии од среќниот момент.

„Кажав да“ – напиша таа.

Том клекна на колено за да ја запроси својата сакана за време на патување во нејзиниот роден крај на Хаваи. Никол изгледаше шармантно во бело-син фустан и шешир.

Никол и Том се запознаа кога пејачката беше судија на X Factor во 2019-та. Речиси веднаш почнаа врска и оттогаш се практично неразделни.

Во февруари годинава се појавија гласини дека се разделиле, но парот докажа дека тоа не е воопшто точно.

Претходно, Никол беше во подолга врска со возачот на Формула 1 Луис Хамилтон. Тие се запознаа во 2007-ма и неколкупати раскинуваа и се смируваа, а конечно ставија крај на врската во 2015-та.

Претходно, атрактивната музичарка сподели фотографии на кои позира во бикини на плажа.

останати вести