Имал 42 години кога таа се родила, а сега е 65-годишен дедо коj е во врска со едвај полнолетна манекенка: „Ова е одвратно!“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Аоки Ли Симонс има 21 година, кариера како моделка и многу богато семејство зад себе. Сепак, таа своето внимание и љубов му ги посветила на 65-годишниот сопственик на синџир на ресторани, Виторио Асаф, со кого била видена како се бакнува на плажа.

Манекенката без задршка позирала пред видно расположениот Виторио, кој и физички изгледа како да може да ѝ биде дедо.

Имено, богатиот угостител е дури 42 години постар од младата Аоки, ќерка на Кимора Ли Симонс и Расел Симонс.

Image

Семејството Симонс стана планетарно популарно по нивното реално шоу што се емитуваше на телевизијата Е!. Тогаш можевме да видиме како малата Аоки расте во сенката на својата мајка, која отворено покажуваше дека негува култ кон парите.

Веднаш штом фотографиите од Аоки и нејзиниот богат бизнисмен осамнаа на Интернет, коментарите почнаа да се нижат:

„Што може да имаат заедничко човек од 65 години и 21-годишна манекенка?“, „Одвратно“, „Знаеме што ѝ е на паметот.“

А кога ќе се земе предвид фактот дека пред Аоки, Виторио бил во врска со 24-годишната манекенка Нјом Гатбел, сè е јасно.

Image

Image

останати вести