ИЗГЛЕДА КАКО СТАРИЦА: Анџелина Џоли се појавила во Париз и никој не ја препозна (ФОТО)

by Тони Зографски

Анџелина Џоли досега глумела во многу филмски жанрови, а сега одлучила да ја толкува улогата на уште една позната дама и тоа – Марија Калас.

Биографската приказна ќе следи еден дел од животот на најпознатата оперска дива која почина од „скршено“ срце.

Снимањето се одвивало на улиците на Париз, но поради костимите кои вешто ја криеле многу од минувачите не биле свесни дека покрај нив поминува Анџелина Џоли.

„Нема шанси да ја препознаам“, „Воопшто не личи на себе“, пишувале следбениците на социјалните мрежи откако актерката прошетала низ Париз.

Со неа бил и нејзиниот син Медокс. Анџелина ја глуми пејачката за која на 2 декември годинава ќе бидат одбележани 100 години од нејзиното раѓање.

Анџелина за неколку денови од снимањето сменила неколку костими во кои изгледа неверојатно непрепознатливо.

Иако се чинело дека после разводот од Бред Пит помалку се појавува во јавноста, Анџелина во последните неколку месеци вклучена е во повеќе проекти, се фотографирала за американското издание за „Vogue“ и тогаш открила дека отворила сопствен бренд за облека со име „Atelier Jolie“.

останати вести