ЗАЉУБЕНИ НА МИКОНОС: Поради убавицата со балканско потекло актерот ја прифатил православната вера

by Тони Зографски

Славниот актер Кристијан Бејл деновиве со семејството престојува на Миконос. На фотографиите од Грција, тој и неговата сопруга Сиби Блажиќ изгледаат вљубени како првиот ден.

Тие се во брак 23 години. Нивната приказна е една од најпознатите во Холивуд. Интересно е дека него и неговата драга ги запознала актерката Винона Рајдер.

Овој познат пар го следи светската јавност во чекор, а интересен е фактот што Сиби Блажиќ има српско потекло. Поради неа холивудскиот актер ја сменил одлуката дека никогаш нема да се жени.

„Во моето семејство сите беа разведени, па немав баш здрава идеја за бракот. Потоа ја запознав Сиби и одеднаш тоа ми се виде како одлична идеја“, изјавил тој.

Одлуката да се венчаат била повеќе од добар потег, нивниот брак поминува без ниту еден скандал што не е често на јавната сцена. Идилата во одредена мера ја нарушила приказната дека Бејл наводно го прекинал контактот со мајка му поради Сиби затоа што таа и неговата сестра не ја поддржувале врската со познатата бринета.

Сепак, има многу поубави детали во оваа приказна и тоа оние поочигледните.

Инаку, Кристијан Бејл јавноста го знае по неговите познати и успешни улоги, а што се знае за Сиби Блажиќ?

Таа е актерка, шминкерка, поранешна манекенка и каскадерка. Дипломирала на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Во 90-тите работела како асистентка на Винона Рајдер. Нејзиниот сопруг во една прилика кажал дека е восхитен од нејзините каскадерски вештини. Најпозната е по филмовите „Ford v Ferrari“, „The Dark Knight Rises“ и „George of the Jungle“.

Сиби е родена во 1970 година во Чикаго. Нејзините родители Слободан Блажиќ и Надежда Топалски се од Белград, а пред да се преселат во САД се венчале на Врачар.

Кристијан Бејл откако ја запознал Сиби, чие вистинско име е Сандра Блажиќ, ја прифатил и православната вера. Пред 18 години ја добиле ќерката Емелин, а во 2019 година синот Џозеф.

останати вести