Гулаби целосно уништиле стан, штетата е проценета на 17.000 евра (ФОТО)

by Тони Зографски

Сопственик на стан во источен Лондон се соочува со неверојатни трошоци за чистење откако јато гулаби направиле хаос.

Тешко е да се опише состојбата на собите, вклучително и мебелот, а птиците веројатно влегле низ вратата од отворената тераса.

Сопственикот им дал на станарите четири недели да се иселат, а кога дошол да ја провери ситуацијата за малку ќе доживеел срцев удар.

Сликите ги објави компанијата Network for Pest Solutions, а набрзо станаа вирални, пренесува Yahoo News.

„Смрдеата е неподнослива. Нема дел од станот што не е покриен со измет“, беше соопштено.

Споменатата компанија е специјализирана за дезинсекција и контрола на штетници, а нејзините работници биле принудени да носат целосна заштитна опрема поради страв од инфекција.

Целиот стан мора да се испразни, исчисти и опреми за живеење, а сопственикот ќе плати дебела сума.

Официјалните лица проценуваат дека во британскиот главен град има околу 2.993.000 гулаби.

останати вести