ГО ВРЗАЛЕ ЗА СТОЛ, ПА МУ ГО УКРАЛЕ ЦЕЛИОТ НАКИТ: Поранешниот англиски репрезентативец преживеал пекол

by Тони Зографски

Поранешниот англиски репрезентативец и екс-фудбалер на Челси и Арсенал, Ешли Кол преживеал вистинска драма и пекол, откако разбојници влегле во неговиот дом и го нападнале, а потоа со целиот накит си заминале.

 Разбојниците успеале да влезат од задната врата и го нападнале Англичанецот, а потоа го врзале за стол за да може на мир да побараат тоа што им треба.

Откако го нашле накитот, кој е проценет на стотици илјади фунти, си заминале од домот на Кол. Полицијата во моментов објави дека се трага по криминалците, а не објавија никакви други детали, ниту колкава е штетата што е направена со грабежот.

„Крадците беа вистински професионалци. Влегоа од задната врата и знаеа што прават во секој момент. Целиот грабеж бил така добро испланиран…“, рекол извор близок до фудбалерот за англиските медиуми.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com