Во Шпанија бушат гуми на автомобили на патарини,па ги ограбуваат (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Несекојдневна снимка ни доаѓа од Шпанија. Видеото кое го објави шпанската полиција прикажува доаѓање на „Porsche“ на патарина. И додека возачот е фокусиран на плаќањето, од возилото позади излегува престапник кој ги буши гумите на возилото.

Целта е јасна, а тоа е да се онеспособи возилото и да се натера возачот да застане покрај автопатот. Во тој момент настапуваат крадците, кои ја користат можноста да го ограбат возачот, известува „Nacio Digital“.

Од каталонската полиција не соопштиле колку се чести овие случаи, но веќе се појавиле неколку снимки. Исто така, слично сценарио е забележена и на паркинзи.

Се надеваме дека оваа пракса нема да ја преземат и крадците на нашите простори. Во секој случај, мора да се биде внимателен.

останати вести