ВЛЕГОЛ ДА СЕ РАЗЛАДИ, ИЗЛЕГОЛ СО ОКТОПОД НА ГРБОТ: Необична сцена на плажа во Грција (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

На Фејсбук групата „Грчка инфо“, се појавило неверојатно видео од октопод залепен за грб на еден маж во Грција. Не се знае точно каде и како се случило ова, но италијанскиот државјанин, по име Кристијан Кастања, успеал добро да се снајде и покрај „неочекуваниот гостин“ на грбот, додека уживал на една од многуте прекрасни плажи во Грција.

Кога го забележал октоподот на неговиот грб, се обидувал да го тргне – но безуспешно, октоподот не се ни помрднувал. Потоа се приближиле похрабри луѓе и му помогнале, а кога Кристијан успеал да го симне од грбот, октоподот се префрлил на неговата рака.

Бројни се коментарите на Србите, корисниците на социјалните мрежи и членовите на гореспоменатата група на „Фејсбук“. Повеќето навеле дека немало да издржат ниту 10 секунди доколку им се случело тоа што му се случило на Кристијан.

останати вести