“ ВЕ МОЛАМ, ОСТАНЕТЕ ДОМА“: И Пласидо Доминго заразен со коронавирус

by Тони Зографски

Прочуениот оперски пејач Пласидо Доминго е позитивен на коронавирус.

Оваа информација Доминго сам ја подели со јавноста.

“ Моја морална должност е да вѝ соопштам дека сум позитивен на Ковид-19, односно коронавирус. Моето семејство и јас сме во самоизолација се додека тоа биде неопходно. Во моменттов сите сме со добро здравје, но јас имав симптоми на грозница и кашлица, па се одлучив да се тестирам и резултатот беше позитивен“ изјави Пласидо и додаде:

“ Ќе ве замолам да бидете претпазливи, да ги следите насоките – често мијте ги рацете, бидете барем шест чекори од другите, правете се што можете да го запрете ширењето на вирусот, и ве молам, останете дома“.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com