712
Австралиски турист на Бали направил скапа грешка кога нарачувал вечера во ресторан што на крајот го чинела повеќе од 2.000 австралиски долари, односно повеќе отколку што платил за целиот свој одмор. Неименуваниот Австралиец летувал на островот каде и го прославил својот роденден со пријателите. За време на прославата и ја направил грешката, пишува Нов Зеланд хералд.
Тој и неговите пријатели решиле да нарачаат шише вино со вечерата, рекол Австралиецот, опишувајќи ја својата грешка на Фејсбук.
