ВЕЛАТ ДЕКА Е НОВИОТ БРЕД ПИТ: Поради новите фотографии луѓето тврдат дека е најзгодниот маж на светот (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Сè погласни се гласините дека британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон (32) е главен кандидат за улогата на новиот најпознат таен агент во светот – Џејмс Бонд, а овој шармер и покрај тоа што е релативно млад, веќе е искусен актер.

Неодамна го гледавме со Бред Пит во филмскиот хит Bullet Train, а на публиката ѝ е познат и по филмовите „Ана Каренина“, „Човекот на кралот“, „Илузионистот“…

Арон има посебна харизма, па иако не се вклопува во стандардните холивудски стандарди, многу е привлечен за жените.

Image

Во последните години тој е апсолутна ѕвезда на социјалните мрежи затоа што жените и мажите ширум светот се воодушевени од неговиот изглед, однесување и талент, па го нарекуваат наредниот Бред Пит.

Срцето на овој актер одамна е заробено од страна на режисерката Сем Тејлор Џонсон, а нивната љубов секогаш ја интригира јавноста поради големата разлика во годините, но и меѓусебната нежност и блискост која никогаш не ја криеле.

ZA NJIM ŽENE LUDE! Nazivaju ga novim Bredom Pitom, a on ljubi 23 godine stariju rediteljku! (FOTO)

Арон сопругата Сем (55) ја запознал уште во далечната 2008 година кога имал само 18 години, а можеби тоа не би било ништо чудно доколку таа од него не била постара повеќе од две децении.

Во моментот на запознавање режисерката имала 42 години, но актерот тврди дека истиот момент кога ја видел знаел дека таа е неговата сродна душа и дека сака со неа да го помине животот.

Aaron Taylor-Johnson poses for photographers upon arrival for the premiere of the film 'Bullet Train' in London, Wednesday, July 20, 2022. (Photo by Scott Garfitt/Invision/AP)

„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа, веднаш знаев дека со неа сакам да го поминам останатиот дел од животот. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив“.

Познатиот Британец акцентирал и дека никогаш не ја почувствувал разликата во годините меѓу себе и неговата избраничка, објаснувајќи дека не можел да ја спореди со ниту една своја врсничка кога имал 19 затоа што тогаш живеел живот којшто немал врска со стандардите на растење.

Aaron Taylor-Johnson, wife Sam renew wedding vows after 10 years

„Знаев дека сакам семејство со неа, знаев дека сакам деца и еден месец подоцна го чекавме нашето прво дете“, изјавил актерот.

„Никогаш ниту на една секунда не сум почувствувал раздор меѓу нас поради годините“, додал Арон и истакнал дека убавата русокоса е поенергична од него.

Парот има две деца – 11-годишната Вајлд и 10-годишниот Роми, а Сем од претходниот брак има уште две деца.

Интересно е тоа што презимето Тејлор-Џонсон кое од венчавката и двајцата го носат всушност го добиле со комбинација на нивните презимиња кои ги имале пред да застанат пред олтар – Арон се презивал Џонсон, а Сем Тејлор-Вуд.

останати вести