Бред Пит го прослави роденденот со 30 години помладата девојка (ФОТО)

by Тони Зографски

Бред Пит го прослави својот 60. роденден заедно со пријателите и неговата девојка Инес де Рамон во познат ресторан во Лос Анџелес, пишува „Пипл“.

На фотографиите кои ги објавија медиумите може да се забележи дека двојката била расположена. На приватната забава на актерот гостите донеле разни подароци како уметнички дела и фотографии, вклучувајќи и фотографија од заљубениот пар позирајќи со смешен израз на лицата.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

На оскаровецот кој беше облечен во уникатна кошула украсена со злато му се придружиле пријателите и деловните соработници, вклучувајќи го и британскиот уметник Томас Хаусаго. Инес носеше балон во раката, а Бред постојано им се смешкаше на фотографите.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Но, како што пренесуваат странските медиуми одбележувањето на јубилејниот роденден на Бред траело неколку дена. Претходно оваа недела, актерот и Инес заминале во Париз на романтично патување каде престојувале во луксузен хотел со пет ѕвезди од 17 до 19 декември.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

останати вести