БИВШИОТ ЈА СИЛУВАЛ ОСУМ ЧАСА, И ГО УНИШТИЛ ЛИЦЕТО СО КИСЕЛИНА: Мисицата која го преживеала пеколот е жив доказ дека чудата постојат (ФОТО)

by Тони Зографски

Мисицата и модел Кејти Пајпер била на врвот на кариерата кога доживеала страшна судбина кога нејзиното момче решило да и земе се што има. Имено, тој најмил професионалец да ја полие со киселина, а сето тоа поради морничав напад на љубомора. После тоа, кожата на лицето и била целосно стопена, коските и биле оштетени, а го изгубила и видот на едното око.
За трагедијата да биде уште поголема, ова бил крајот на одмаздата која имала уште полош почеток. Непосредно пред да ја полие со киселина, Даниел ја силувал осум часа и ја малтретирал, а колку брутален бил нападот покажува и видеото кое и денес е достапно на Јутјуб.

Kejti Pajper

Напаѓачот на Кејт мирно чекорел додека не налетал на неа и ја полил со киселина, таа панично истрчала до првото кафуле каде и помогнале гостите. Повредите биле страшни, а манекенката изгледала страшно и една година по излегувањето од болница.

До денес имала над 400 операции, а последната од серијата ја направила на десниот очен капак и поминала добро.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejti-pajper-2-705x1024.jpg
– Се сеќавам на времето кога не сакав никого да видам ниту пак сакав некој да ме види. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целиот свет. Се сеќавам дека во тоа време да се зборува за оваа траума беше невозможна мисија – изјавила еднаш Кејти.

Долго време и требало да почне да зборува за тоа, но со своите постапки покажала дека е борец поддржувајќи ги сите жени кои преживеале некаков облик на насилство.

Kejti Pajper nekada...
Кејти денес е среќна и успешна жена, среќата ја нашла дури и во љубовта, па од 2017 година е во брак со Ричард Џејмс Сатон, со кој има две ќерки. Нејзиниот напаѓач бил пронајден набргу по трагедијата и бил осуден на доживотен затвор.

Kejti Pajper

 

останати вести