Американска актерка задоволна од сексот со 72-годишен маж: „Одлично е, но не се случува често“

by Тони Зографски

Американската актерка Лиза Рина не е срамежлива кога треба да зборува за нејзиниот сексуален живот.

Лиза има 60 години, а нејзиниот сопруг и колега Хари Хамлин е 12 години постар.

Актерката призна дека веќе не се толку често интимни, но …

„Навистина имаме одличен секс, и отсекогаш било така. Можеби тоа не се случува толку често како кога сте во 30-тите и 20-тите, би рекла. И мислам дека тоа е нормално. Тоа е природната еволуција на животот“, забележува Лиза во новото интервју.

Годините и донесоа многу добри работи.

„Стигнав до точка кога на 60 години сум многу посигурна отколку на 30. Ја сакам оваа возраст затоа што сум послободна и пострасна од кога и да е“, изјави Рина.

Двојката беше во врска речиси пет години пред да се венчаат во август 1997 година.

Имаат две ќерки.

останати вести