“ЈАС И ТОШЕ РАСКРСТИВМЕ, ТОШЕ ЗНАЕ КАКВА БЕВ, ЛОМ“- раскажува тепаната девојка од Штип (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Натепаната девојка од Штип на новинарот Фуркан Салију му раскажа низ што минала кога двете момчиња брутално ја малтретираа и видеото го објавија на социјалните мрежи.

-На татко ми му е лошо откако синоќа го виде видеото на кое ме тепаат со клоци. Тој не заспа и само пуши цигари… почнаа да ме тепаат од кај “Тоше” па ме однесоа во зградата…Јас и Пепи раскрстивме. Тоше знае каква бев, лом-раскажува девојката која има 20 години.

Претходно се огласи и таткото на едно од момчињата кој рече дека нема зборови да го одбрани но оти можеби и таа е виновна.

Инаку, СВР Штип вчера ги приведе двајцата штипјани кои навредувале и претепале 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, при што целиот случај со снимиле на мобилен, а видеото се најде на социјалните мрежи. Тие ќе останат 24 часа во полициска станица.

останати вести