ЈА ИЗНЕРВИРАА: Селма Хајек ја “нападнаа“ дека користи премногу ботокс (ФОТО)

by Тони Зографски

Глумицата Селма Хајек (53) и во шестата деценија од животот изгледа одлично. На последната објава на Инстаграм холивудската глумица постави фотографија на која е покрај палма, а во преден план е нејзиното лице.

-Ветар, воздух – напиша Селма во прилог на фотографијата.

Но, еден од нејзините следбеници ја искритикува актерката дека користи премногу ботокс.

-Премногу ботокс. Нема потреба, Селма -напиша нејзиниот фан.

Селма се изнервира, па мораше веднаш да реагира:

-Немам ботокс. Но, фала ти на советот затоа што размислував дека е можда време  – напиша глумицата.

 

останати вести