Шаќири му даде гол од корнер, ќерка му е вистинска секс-бомба (ФОТО)

by Тони Зографски

Легендарниот голман на Арсенал и на англиската репрезентација Дејвид Симан кај нас стана особено популарен во 2002 година кога Артим Шаќири директно од корнер му даде гол на квалификацискиот меч меѓу Англија и Македонија што се одигра во Саутемптон, а заврши 2-2.

Симан одамна не е меѓу стативите, но сега популарна е неговата ќерка Георгина која е вистинска секс-бомба. Младата Георгина крена прашина на Инстаграм со своите провокативни фотографии. Таа веќе се приближи до бројката од 50.000 следбеници на Инстаграм.

Инаку, Георгина е ќерка од вториот брак на Дејвид Симан, откако тогашниот англиски голман се разведе од нејзината мајка Деби во 2010 година и започна љубовна врска со друга жена.

останати вести