ХОРОР ВО ТУЗЛА: Дете падна од 15 кат од висококатница

by Тони Зографски

Во БиХ тузланската населба Слатина, мало дете почина вечерва, откако падна од висококатница од 15 кат, објавија босанските медиуми.

Околу 19 часот и 40 минути во ЈУ Центар Тузла пристигнале повеќе пријави од граѓани кои пријавиле дека мало дете паднало од стан од 15 кат од зградата. Веднаш по пријавата на местото на настанот е испратено возило на Итна медицинска помош, дежурни полицајци од ЈУ Центар и припадници на криминалистичката полиција Тузла. Итната медицинска помош ја констатирала смртта на детето“, изјави портпаролката на полицијата за порталот „Аваза“.

На местото на настанот пристигнале и истражители од Одделот за криминалистичка полиција, Одделението за општ криминал и Одделот за криминалистичка полиција во Тузла, како и дежурниот обвинител.

останати вести