Хамдија Рамуљ од Витез, познат како Босанскиот Хулк, дефинитивно е најсилниот човек во Босна и Херцеговина. Тој е еден од ретките што може да носи повеќе товар од коњ, а бидејќи е од селото Гаќице вели дека носи само боксерки. Тој е татко на пет деца, а единствена грижа му е како да ги прехрани и воспитува.
Добро пее, а желба му е да има свое стадо овци и малку да свири на флејта и да ужива во животот. Убил бик и се бањал во снегот. Како што кажува Хамдија, никогаш не одел во теретана туку силата и снагата му е природна, вродена.
Босанскиот Хулк ја покажа својата сила, а потоа се изми со снег. Среде зима носи маица со кратки ракави, а толку е здрав што никогаш не морал да вади заб.
Инаку, овој човек е еден од ретките што може да победи дури и коњ кога станува збор за носење тежок товар.
-Јас сум армиран бетон, нема зима за мене – вели Рамуљ.