Миа Костова: Потрошив 4.000 евра на зголемување на градите  (ФОТО)                

by Тони Зографски

Со специјален начин на исхрана, водителката Миа Костова ја одржува идеалната тежина.

“Имам 56 килограми и одлично се чувствувам”,изјави Миа.

Облечена само во боди, таа се фотографираше за Инстаграм и веднаш привлече внимание и коментари од нејзините следбеници.

“Појадувам доцна,околу пладне, потоа околу шест ручам протеини и салата, и тоа ми е последното јадење во денот. Единствениот начин за одржување на формата ми е овој, храна да не внесувам 16-18 часа во денот”, раскажа Миа и додаде дека има денови кога и по 24 часа може ништо да не јаде.

Лани, таа во емисијата “Еден на еден”, зборуваше за естетските корекции, за зголемувањето на градите кои го направи.

“Чини околу 4 илјади евра. На почетокот имав болки, но тоа не е ништо со оглед на тоа што го добиваш за цел живот”, изјави Миа која е мајка на шестгодишниот Андрија.

останати вести